Профил на компанијата

MAK DOORS е компанија која се занимава со производство и вградување на столарија изработена од високо-квалитетно дрво и PVC. Нашата основна дејност е производство и трговија со високо- квалитетни собни врати од медијапан обложен со природен фурнир и таблени врати од масивно дрво, како и надворешна масивна столарија- врати и прозорци.

MAK DOORS на македонскиот пазар постои повеќе од 30 години.

MAK DOORS низ годините константно инвестицира во обнновување и модернизација на работните машини.

Со примената на современата технологија, MAK DOORS успеа да се доближи до желбите и барањата на своите клиенти, како во естетскиот така и во функционалниот дел.

Денеска MAK DOORS е една од водечките компании за изведба на модерна столарија на македонскиот пазар.

Седиштето и производството на MAK DOORS се наоѓаат во Скопје.
Изложбениот салон на MAK DOORS се наоѓа во населбата Ѓорче петров на Ул.Ѓорче Петров Бр.19.

ПРИРОДАТА СОЗДАВА, НИЕ ОБЛИКУВАМЕ!